Медиумска писменост

Адвертајзинг

AddThis Social Bookmark Button

Рекламата на „Google“ на „Super Bowl“

Погледнете ја рекламата за која „Google“ откупи рекламен простор на „Super Bowl“.     

 
AddThis Social Bookmark Button

Рекламите од „Super Bowl 2010“

 

super-bowl-44_starts_cbs_time_2010

Финалето на плеј-офот во американски фудбал, наречено уште и „Super Bowl“, е вистински спектакл за вљубениците во овој спорт, но во последните години и вљубениците во реклами се редовни пред телевизорите во време кога се емитува овој натпревар. Имено, поради огромната гледаност, големите компании сметаат дека е неопходно да бидат присутни со своја реклама во тој термин, па натпреварувајќи се во инвентивност, прават покрај фудбалскиот натпревар да се случува и неформален натпревар за најдобра реклама.

Годинешниве реклами можете да ги погледнете и да ги оцените на овој линк.

Инаку, се проценува дека „Super Bowl“ е следен во просек од околу 90 милиони гледачи во САД, а 30 секунди рекламен простор за оваа година чинел околу 3 милиони долари.

 
AddThis Social Bookmark Button

Социјалните мрежи – приоритет за маркетарите во 2010


emarketing

Иако не беше имуни на рецесијата, дигиталниот маркетинг се извлече од падот, и маркетарите ширум светот на големо зборуваат за проектите на Интернет што треба да се случат во 2010-та. Ова го потврди истражувањето на „Society of Digital Agencies“ (SoDA). Извештајот наречен “2010 Digital Marketing Outlook” покажа дека 81% од директорите на брендовите кои беа дел од истражувањето очекуваат зголемување на средствата поврзани со дигиталните проекти во 2010-та, додека 50% очекуваат дел од тие средства во „дигиталните буџети“ да се прелеат од „традиционалните буџети“. 

Повеќе...
 

МИМIDSCSEJCФинансирано од:Министерство за образование и наукаВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието