Социјалните мрежи – приоритет за маркетарите во 2010

Иако не беше имуни на рецесијата, дигиталниот маркетинг се извлече од падот, и маркетарите ширум светот на големо зборуваат за проектите на Интернет што треба да се случат во 2010-та. Ова го потврди истражувањето на „Society of Digital Agencies“ (SoDA). Извештајот наречен “2010 Digital Marketing Outlook” покажа дека 81% од директорите на брендовите кои беа дел од истражувањето очекуваат зголемување на средствата поврзани со дигиталните проекти во 2010-та, додека 50% очекуваат дел од тие средства во „дигиталните буџети“ да се прелеат од „традиционалните буџети“.
Најголем приоритет за маркетарите ќе бидат социјалните мрежи и апликации. Интересот ќе биде насочен и кон другите дигитални активности како што се: дигиталната инфраструктура, оптимизација на пребарувањето, блогирањето, дигиталниот адвертајзинг. Интересно, игрите се на дното на приоритети. Дури 26% од испитаниците ги обележале како нерелевантни за маркетингот.

Најзначајна ставка според која маркетарите ја одредуваат приоритетноста на вложувањето е времето поминато на една web-страница. На второ место е бројот на поединечни посети.

Извор:
eMarkerer









