Медиумска писменост

AddThis Social Bookmark Button

Што очекуваат од брендот оние кои го следат на социјалните мрежи

 

emarkУправувачите со брендови се трудат да ги натераат потрошувачите да ги следат нивните активности, и да зборуваат за прендот што го промовираат, но корисниците на социјални медиуми најчесто очекуваат нешто за возврат. Иако секој потрошувач првенствено очекува добра зделка, се покажа дека активните корисници на социјалните мрежи често очекуваат и подлабоко врзување со брендот. 

Истражувањето на „MarketingSherpa покажало дека главната мотивација на корисниците на социјалните мрежи да следат одреден бренд е желбата за информации поврзани со специјални понуди и распродажби. Но, покрај од желбата да се заштеди, корисниците биле водени и од желбата да се научи нешто ново за производите и услугите кои ги нуди одреден бренд.

A

Корисниците со повеќе од 500 социјални контакти (пријатели) биле најмалку заинтересирани за добивање поволни цени. Наместо тоа, тие се интересирале за новите производи и односот на компанијата, покажувајќи подлабока социјална интеракција. 

Инаку, едно постаро истражување на „Razorfish покажало дека корисниците на „Twitter“ од САД најчесто го следат брендот мотивирани од добрите понуди што би можеле да ги добијат. 

AA

Испитаниците кои следат одреден бренд на „Facebook“ или „MySpacе“ одговориле слично, но се покажало дека меѓу нив поголем процент (32,9%) станале обожаватели на брендот бидејќи веќе имаат искуство со него. 

Заклучокот е дека споделувањето на интересна содржина за која корисниците мислат дека е важна, заедно со информациите за попусти и распродажби кои корисниците ги очекуваат, ќе ги ангажира во ширењето на маркеинг пораките низ социјалните мрежи.

 

Преземено од:

E-marketer

 

МИМIDSCSEJCФинансирано од:Министерство за образование и наукаВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието