Медиумска писменост

AddThis Social Bookmark Button

Брендирани елементи во социјалните игри – револуција во адвертајзингот или...?

 

farmville-peanutsСледната недела играчите на „FarmVille“ ќе можат, меѓу другото да одгледуваат и кикиритки, благодарение на адвертајзинг агенцијата „Saatchi & Saatchi и една израелска компанија за слатки. Ова е прв пат еден елемент од играта да биде директно поврзан со бренд. Идејата ја разви „Saatchi Interactive“ во својата централа во Тел Авив, во рамки на кампањата за „Elite Taami Nutz“, чоколаден производ наполнет со крем од кикиритки кој е во спственост на израелски производител на слатки. 

Така, наскоро сите играчи на најпопуларната социјална игра на „Facebook“ ќе можат да купат семе за кикиритки за 20 кредити, и после жетвата да ги продадат кикиритките за 78 кредити. Овој нов елемент во играта ќе биде визуелно брендиран, а се зборува и дека ќе биде распишан конкурс изработка на неговиот дизајн, на кој ќе можат да учествуваат сите играчи на „FarmVille“.

Ова е несомнено нов чекор во адвертајзинг индустријата, а дали ќе биде и револуционерен, останува да видиме. Секако, 82 милиони корисници на „FarmVille“ се сосема доволни за огласувачите да се надеваат дека овој потег на „Saatchi & Saatchi може да им ги отвори портите кон ветената земја, каде што секој ќе може да го „засади“ својот производ.

Извор и фото:

Mashable

 

МИМIDSCSEJCФинансирано од:Министерство за образование и наукаВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието