Медиумска писменост

AddThis Social Bookmark Button

„Facebook“ ќе ги следи сите активности на корисниците за рекламни потреби

 

За унапредување на ефективноста на огласувањето, од „Facebook“ планираат да ја следат интернет историјата на секој корисник, и врз основа на неа да пласираат соодветни огласи на профилите на корисниците. Ова може да биде полн погодок за огласувачите, но и уште еден проблем поврзан со приватноста за корисниците.

facebook-privacy

Имено, „Facebook“ ќе ги следи линковите што ги споделувате на вашиот профил, и врз основа на брендовите застапени во нив, ќе исфрла  огласи наменети за вас, под претпоставка дека споделената содржина е индикатор за вашата наклонетост кон соодветниот бренд. На овој начин „Facebook“, „на мала врата“ ќе го воведе „таргетираното“ огласување.

Уште една новост поврзана со оваа социјална мрежа, која се очекува да биде објавена наскоро, е замената на „Стани обожавател“ (Become a Fan) со „Ми се допаѓа“ (Like) во рамки на страниците на брендовите, од причина што било утврдено дека корисниците мошне почесто се служат со втората опција.

Извор:

Mashable

 

МИМIDSCSEJCФинансирано од:Министерство за образование и наукаВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието