Зошто сланина и јајца е најчест американски доручек? Зошто долгогодишното табу за жените кои пушат цигари заврши преку ноќ? Многу други вакви прашања, имаат ист одговор – зошто така кажа Бернис.
Едвард Бернис е американски пионер и татко на она што ние денес го знаеме како „односи со јавност“, реклами и пропаганда. Комбинирајќи ги идеите за психологија на толпа и заклучоците на неговиот вујко – Сигмунд Фројд, Бернис меѓу првенците кои го манипулираат јавното мислење со помош на „подсвеста“ на луѓето.
Она што предходно се продаваше на нашиот интелект и потреби во смисла на потребен ни е шампон за коса па ќе купиме за да се бањаме, Бернис започна да го продава на нашите емоции- во смисла дека доколку се бањате со тој и тој шампон ќе бидете поубав/а, позабележителен/на итн итн.

Современата капиталистичка економија се засновува на желбите. Луѓето стануваат манипулирани конзумери кои купуваат производи не затоа што им се потребни – туку затоа што некој преку медиумите постојано им повторува дека со нив „ќе се чувствуваат поубаво“. Вас всушност и не ви треба нова кола- но само замислете колку подобро би се чувствувале доколку ја имате?
„Свесната и интелегентна манипулација на организираните навики и размислувања на масите е важен елемент во едно демократско општество... Во скоро секој чин од нашето секојдневие, без разлика дали е во сферата на политиката или бизнисот, јавното мислење е манипулирано и контролирано.... ” - Едвард Бернис

Марлборо сакаа да продаваат повеќе од Камел и обратно, но сите компании кои произведуваат цигари – сакаат повеќе луѓе да пушат. Па така овие компании се обратиле на Бернис во однос на прашањето – како да нема веќе табу против жените кои пушат? Со помош на методи на психо-анализа, Бернис дошол до заклучок дека пушењето на жените им давало симбол на машки полов орган и тоа толку го предизвикувало машкиот сексуален идентитет – што тие несвесно им забрануваат на жените да пушат. Тоа му дава идеја да собере убави млади девојки кои на Велигден ќе се движат паралелно со големата парада, и кои преку тоа што ќе пушат – ќе докажат дека се независни, слободни и рамноправни со мажите. Се осигура дека ова ќе биде фотографирано и пренесено во медиумите. Наредниот ден артиклите напишани од Бернис се публикувани низ целата земја заедно со огромни слики кои ја извикуваат храброста на овие девојки и нивната „борба за рамноправност и слобода“.
Скоро преку ноќ, пушењето на жените прераснува од табу во израз на ослободување, рамноправност и право на жената.
Скоро преку ноќ, пушењето на жените прераснува од табу во израз на ослободување, рамноправност и право на жената.