| Целосен преглед | Сабота, Мај 19, 2012 |
|
| Септември 2010 | Октомври 2010 | Ноември 2010 |
| Среда, Октомври 06, 2010 |
|
|
| Сабота, Октомври 30, 2010 |
 |
TEDx Скопје (Цел ден)
На 30.10.2010 во Скопје ќе се одржи првиот TEDx настан во земјава.
Пред публика од сто луѓе, 12 говорници ќе ја претстават сопствената работа, интереси како и идеите кои сакаат да ги споделат.
TEDx е програма која е наменета за локални иницијативи кои сакаат да го пресликаат моделот на меѓународната конференција. TED (Technology, Entertainment, Design – технологија, забава, дизајн) е независна непрофитна фондација од САД, чие влијание и популарност во последните 25 години успеа да се прошири низ целиот свет, анимирајќи следбеници со визија за иднината под слоганот „идеи вредни за споделување“ (“ideas worth spreading”). Централниот настан на TED е годишната конференција во САД, на која врвните светски умови имаат по 18 минути да ги презентираат своите идеи. Нивните презентации се објавуваат на официјаниот веб портал TED.com. Главната цел е да се соберат на едно место истакнати визионери и талентирани ентузијасти, кои ќе овозможат создавање атмосфера за ширење креативни идеи од различни области. Говорниците пред публика, во живо, ги презентираат своите идеи и размислувања на интересен и разбирлив начин. Сите презентации се снимаат и се поставуваат на порталот TED.com, каде се достапни бесплатно.
Целодневниот настан во Скопје ќе биде пренесуван во живо на интернет, а презентациите подоцна ќе бидат титлувани на англиски јазик.
[текстот е превземен од tedxskopje]
Контакт : Филип Парталовски
Url: http://tedxskopje.mk/
| |
|
|