На натпреварот за хакери „Google Chrome“ најстабилен
Натпреварот „Pwn2Own“ секоја година ги собира хакерите од целиот свет, кои се трудат во што покус период да ги пронајдат слабостите на најпопуларните Интернет прелистувачи и оперативни системи и да ја тестираат нивната безбедност. Веќе после неколку минути во првиот натпреварувачки ден, тимот кој го сочинуваа Винченцо Јоцо и Ралф-Филип Вајнман успеа да го совлада „iPhone“ и за тој потфат доби награда од 15 000 долари.
Чарли Милер го „бутна“ „Safari“ на „MacBook Pro“ со оперативен систем „Snow Leopard“, со што трета година по ред победи во оваа категорија на натпреварот, и освои 10 000 долари.
„Падна“ и „Windows 7“, поточно неговиот безбедносен механизам „Data Execution Prevention (DEP)“, кој беше пробиен од Холанѓанецот Питер Врегденхил. На истиот оперативен систем беше срушена и Мозилата на „Firefox“, од страна на германскиот студент кој се претставува само како Нилс. Од сите Интернет прелистувачи на првиот ден на натпреварувањето несовладлив остана единствено „Chrome“ на „Google“, кој повторно ја покажа својата стабилност и сигурност.
Извор и фото:



Домејнот www.sex.com оди на аукција. Се очекува интересот да биде огромен, бидејќи пребарувањето со клучен збор „секс“ е едно од најкористените на Интернет. Почетната цена на домејнот ќе биде 1 милон долари, но се очекува конечната цена да биде мошне поголема, посебно ако се знае дека пред три години „DOM Partners“ го кредитираше купувањето на домејнот со неверојатни 14 милиони долари. Сега домејнот оди на продажба од причина што „Escom“, компанијата која го купи, не е во можност да го отплаќа кредитот.
Она за што наголемо се зборуваше по Мрежата деновиве, конечно се случи. Претставен беше новиот проект на „Google“ – „







