Веб-камера спаси турист во Германија
Туристот кој се загубил шетајќи по замрзнатото море на северот на Германија бил спасен откако блицот на неговиот фотоапарат бил забележан на веб-камера која ја снимала плажата – пишува „BBC“.

Инаку, загубениот турист тргнал со намера да го слика зајдисонцето во местото Сент Петер-Ординг, но се загубил откако почнал да шета по замрзнатото море. За негова среќа, една жена која го гледала зајдисонцето на веб-камерата, од својот дом стотици километри оддалечен од местото на настанот, го забележала светкањето на блицот и ја алармирала полицијата, која набргу го пронашла туристот.
Туристот се изгубил бидејќи во темнината не можел точно да го одреди брегот кој бил покрен со снег.
Извор и фото:









