Интернетот номиниран за Нобелова награда за мир
Интернетот се најде на листата на номинирани за Нобеловата награда за мир за оваа година. Негови конкуренти ќе бидат еден кинески дисидент и еден активист за човековите права од Русија, меѓу останатите.
Номинацијата беше поднесена по петицијата што ја покрена италијанското издание на магазинот „Wired“, а во која се вели дека Интернетот придонел за подобрување на дијалогот, дебатата и консензусот преку комуникацијата. Поднесувачите на номинацијата се надеваат дека таа ќе биде прифатена како легитимна.
Скептиците пак, велат дека по минатогодишниот контроверзен избор на Барак Обама, оваа година комисијата ќе донесе поконзервативна одлука, и нема да ризикува со Интернетот.
Извор:









