Медиумска писменост

AddThis Social Bookmark Button

Промовиран „Google Buzz“

 

buzzОна за што наголемо се зборуваше по Мрежата деновиве, конечно се случи. Претставен беше новиот проект на „Google“ – „Google Buzz“, кој има за цел да ги вметне елементите на социјалните мрежи во рамки на „Gmai“l. До крајот на денешниот ден се очекува сите 140 милиони корисници на „Gmail“ да имаат можност да ја пробаат новата социјална алатка на „Google“. Официјалните најави велат дека ќе можете да пишувате статуси по углед на „Twitter“, да ставате слики и видео записи како на „Facebook“, и да ги користите локациските можности по теркот на „GoWalla“ и „Foursquare“.

 

Сега сите се нестрпливи да видат колкав дел од колачот на социјалните мрежи ќе успее да зграби „Google Buzz“. Посебно по неуспехот на „Google Wave“ да се наметне на пазарот.

buzzzscreen

Кој е главниот адут на „Buzz“? Ако „Facebook“ ни понуди приватност во рамките на личната мрежа на пријатели, а „Twitter“ не привлече со едноставноста и шармот, тогаш „Google Buzz“ дефинитвно ќе ја искористи нашата зависност од e-mail комуникација, па преку „Gmail“ ќе се обиде да придобие активни корисници на својата нова алатка. Познавачите велат дека „Google Buzz“ ќе се обиде да се промовира како идеална средина помеѓу e-mail комуникацијата, социјалните мрежи и сервисите за геолокација.

Останува да го дочекаме „Google Buzz“ и во нашето сандаче, па да видиме и самите што од горенаведеното ќе се оствари.

Извор:

Netokracija

 

МИМIDSCSEJCФинансирано од:Министерство за образование и наукаВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието