Медиумска писменост

AddThis Social Bookmark Button

„Facebook“ го надмина „Google Search“ како главен извор на сообраќај за Интернет порталите

 

traffic-iconСпоред последниот извештај на „Compete Inc.“, Интернет порталите од типот на „Yahoo“, „MSN“ и „AOL“, добиваат повеќе сообраќај со посредство на социјалните медиуми одошто со посредство на пребарувачите. Конкретно, „Facebook“ го надмина „Google Search“ како главен извор на сообраќај за порталите. Сега се чини мошне појасна намерата на „Google“ со лансирањето на „Buzz“, нели?

 

Според податоците на „Compete Inc.“, 13% од сообраќајот на „Yahoo“, „MSN“ и „AOL“ во декември 2009 потекнувал од „Facebook“,  додека на „Google“ отпаѓаат само 7% од сообраќајот. Очигледно е дека сурфањето, полека но сигурно почнува да станува повлијаено од препораките на „пријателите“ од разните социјални мрежи. Токму затоа, секој кој сметаше дека вниманието кое им се придава на социјалните мрежи е преголемо, сега, се чини е прописно разуверен од овие бројки.

Трендот на сурфање насочено од препораки на пријателите од социјалните мрежи, најверојатно ќе продолжи да има силно влијание врз сообраќајот на Мрежата и во наредниот период. Се разбира, ова не значи и крај за Интернет пребарувачите, но секако е аларм за преосмислување на начинот на пребарување. На прво место – додавање на посилна социјална компонента. Веројатно, токму тоа е една од носечките намери на „Google“ со претставувањето на „Buzz“. Колку „Google“ ќе успее да им го возврати ударот на социјалните медиуми останува да видиме.

 

Извор:

AllFacebook

 

МИМIDSCSEJCФинансирано од:Министерство за образование и наукаВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието