На натпреварот за хакери „Google Chrome“ најстабилен
Натпреварот „Pwn2Own“ секоја година ги собира хакерите од целиот свет, кои се трудат во што покус период да ги пронајдат слабостите на најпопуларните Интернет прелистувачи и оперативни системи и да ја тестираат нивната безбедност. Веќе после неколку минути во првиот натпреварувачки ден, тимот кој го сочинуваа Винченцо Јоцо и Ралф-Филип Вајнман успеа да го совлада „iPhone“ и за тој потфат доби награда од 15 000 долари.
Чарли Милер го „бутна“ „Safari“ на „MacBook Pro“ со оперативен систем „Snow Leopard“, со што трета година по ред победи во оваа категорија на натпреварот, и освои 10 000 долари.
„Падна“ и „Windows 7“, поточно неговиот безбедносен механизам „Data Execution Prevention (DEP)“, кој беше пробиен од Холанѓанецот Питер Врегденхил. На истиот оперативен систем беше срушена и Мозилата на „Firefox“, од страна на германскиот студент кој се претставува само како Нилс. Од сите Интернет прелистувачи на првиот ден на натпреварувањето несовладлив остана единствено „Chrome“ на „Google“, кој повторно ја покажа својата стабилност и сигурност.
Извор и фото:









