Медиумска писменост

AddThis Social Bookmark Button

Бангладеш го забрани „Facebook“

 

Следејќи го примерот на Пакистан, Бангладеш го забрани пристапот на „Facebook“ поради групите со навредливи содржини за исламските верници. Оваа вест доаѓа само една недела откако „Facebook“ беше забранет во Пакистан, поради групата која ги поттикнуваше своите членови да цртаат карикатури со ликот на пророкот Мухамед („Everybody Draw Mohammed Day“).

 facebook

Сепак, оваа забрана нема да биде перманентна и ќе биде подигната тогаш кога навредливите содржини ќе бидат отстранети или ќе биде блокиран пристапот до нив од Бангладеш. Истото тоа го направи и Пакистан, кој синоќа објави дека забраната е симната, откако менаџментот на најголемата социјална мрежа се извини и ги презеде сите неопходни мерки да бидат отстранети навредливите содржини. 

Засега „Facebook“ успешно балансира помеѓу слободата на говорот и притисокот за ограничување на навредливите содржини, но останува да видиме како ќе се развива овој конфликт кој тлее во позадината на најголемата социјална мрежа, посебно по најавите за создавање на социјална мрежа по теркот на „Facebook“, наменета исклучиво за муслиманските верници.

 

МИМIDSCSEJCФинансирано од:Министерство за образование и наукаВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието