Лобирање против отворениот код
Дали промовирањето на софтверот со отворен код едновремено ве прави и противник на капитализмот? Да, според лоби-групата за заштита на интелектуалната способност од САД.
Лоби групата со назив „International Intellectual Property Alliance (IIPA)“, која се залага за заштита на интелектуалната способност, побара од владата на САД да ги стави земјите како Индонезија, Бразил и Индија на специјалната листа за надзор, наречена “Special 301 watchlist.” Оваа листа всушност е извештај кој се бави со ефикасноста на заштитата на интелектуалната сопственост во глобални рамки. Сите што се нашле на оваа листа, воедно се сметаат за „непријатели на капитализмот“ поради недоволното залагање да ја заштитат интелектуалната сопственост на сопственото тло.
Која е причината што лоби групата ги истакнува наведените земји како лош пример? Имено, сите овие земји користат софтвер со отворен код или пропагираат негово користење во државните институции. За IIPA пропагирањето на употребата на софтвер со отворен код претставува закана за индустријата за софтвер и ги деградира правата на интелектуална сопственост.
Треба да се напомене и фактот дека наведените земји немаат усвоено легислатива за употреба на софтвер со отворен код. Индонезија, на пример, само го препорачала овој тип на софтвер во циркуларно писмо до владините институции.
Многумина се изненадени од оваа вест, и јавно прашуваат дали има некаква оправданост во тврдењата дека open-source софтверот е закана за интелектуалната сопственост. Сепак, никој се уште не сака да поверува дека забелешките на лоби групата ќе бидат прифатени и дека ќе му биде зададен удар на она што сите го сметаат за една од најголемите придобивки од ерата на Интернет-револуцијата.
Извор:
[фото: David Erickson]









