Податоците на корисниците на „MySpace“ се на продажба
Социјалното вмрежување тукушто стана поризично за вашата приватност. Имено, информациите на сите корисници на „MySpacе“ сега се ставени на продажба. Тоа значи дека сите заинтересирани можат да ги откупат фотографиите, активностите и информациите кои корисниците ги објавувале на својот профил.
Колку ова да изгледа нечесно, сепак е правно издржано, бидејќи „MySpace“ ги поседува сите податоци закачени на серверот на социјалната мрежа, а корисниците се согласуваат со тоа во мигот на пристапување на мрежата (“I agree to terms and conditions”).
Целиот случај со „MySpace“ уште еднаш го покрена прашањето на приватноста. Колку навистина сме свесни за тоа на кои услови се согласуваме кога се зачленуваме на социјалните мрежи, и дали некој воопшто ги чита условите на зачленување пред да притисне „Се согласувам“.
Во таа насок професорот Ебен Моглен од Columbia University, предупредувајќи на малата свест на корисниците за приватноста на податоците, заговара развивање на социјални мрежи кои ќе функционираат на принципот „peer-to-peer“ со што корисниците ќе можат да ја задржат контролата врз податоците кои ги објавуваат.









