Продажбата на „Nexus One“ оди слабо
Станува повеќе од јасно - „Nexus One“, мобилниот телефон на „Google“, не воодушевува со продажбата. Во првиот месец се продадоа само 80 илјади парчиња, што е „смешна“ цифра во однос на „iPhone“ (600 000) и „Droid“ (525 000).
Како причина за слабата продажба се наведуваат неколку фактори. Првенствено, тука е отсуството на традиционалните маркетиншки средства. Имено, „Google“ се реши за продажба со пристап директно до потрошувачите што, иако иновативно, очигледно не е нешто на што типичните конзументи на индустријата на мобилни телефони се навикнати. За споредба, рекламната кампања за „Droid“ чинела 100 милиони долари. Друга причина е поддршката за 3G што „Nexus One“ ја нуди единствено на корисниците на услугите на „T-Mobile“. Конечно, корисниците се жалат и за отсуство на корисничка поддршка, не знаејќи дали за проблемите да се обратат на производителот „HTC“, на мобилниот оператор или на „Google“.
На последниов проблем се обиде да одговори „Google“, со нудење на телефонска поддршка, но само за САД, а не и за интернационалните купувачи. За овие вторите останува само да прочепкаат по форумите на Интернет и да се обидат да стигнат до посакуваните одговори.
Извор:









