Интеграција на „Bump“ со „Facebook“
Дали некогаш сте посакале да станете пријател на „Facebook“ со некој кој тукушто сте го запознале, и тоа на лице место? Сега, доколку имате „iPhone“, ова можете да го сторите само со едно мало потчукнување на телефоните. За сето ова е најзаслужна апликацијата „Bump“ за „iPhone“.
Мало објаснување за оние на кои не им е позната оваа апликација. „Bump“ ви овозможува да споделите информации за контакт со пријателите така што ќе ги потчукнете вашите „iPhone“ телефони еден од друг. Во моментот кога телефоните ќе се допрат, апликацијата ги префрла избраните податоци од едниот на другиот телефон.
Најновата надоградба на апликацијата Bump донесе многу нови опции, но онаа за која највеќе се зборува е токму интеграцијата со Facebook. Како што веќе споменавме, со активација на апликацијата можете, преку едноставно потчукнување на телефоните, да го додатете во пријатели секој оној кој исто така го има активирано „Bump“ на својот „iPhone“. Од развивачите на апликацијата стигнува веста дека ова е само првата од низата интеграции на социјални медиуми со Bump кои треба да ги очекуваме.
Извор и фото:









