Медиумска писменост

Музика

AddThis Social Bookmark Button


„Свириме за промена“ - е мултимедијално движење креирано да инспирира, поврзува и да донесе мир во светот преку музика. Идејата за овој проект произлегува од верувањето дека музиката ја има моќта да ги надмине границите и растојанието меѓу луѓето. Без разлика од каде доаѓаат, каква е нивната политичка, економска, спиритуална, идеолошка или религиозна позадина, музиката ја има универзалната моќ да не обедини како една раса- човековата.

За успешна реализација на проектот оваа група поседува студио кое поради специфичните потреби е подвижно, со кое се снима и е опремено со опрема која се употребува во најдобрите студија, а патуваат таму каде музиката ќе ги однесе.

Музичари од целиот свет заедно свират познати песни кои ја пренесуваат пораката за мир. На нивните настапи, публиката може да види и слушне музичари кои патувале илјадници милји од дома, а обединети поради една причина – обединувачката моќ на музиката да допре до сите.

Една од песните која е одсвирена на овој начин, и за која е снимано видео, е популарната песна на Боб Марли - “War- No More Trouble”

 
AddThis Social Bookmark Button

Лејди Гага со најгледано видео на YouTube

 

Со над 179 милиони прегледувања, спотот за песната „Bad Romance“ на Лејди Гага стана најгледана содржина на „YouTube“, надминувајќи го досегашниот рекордер – комичното видео „Charlie Bit My Finger.

Песната „Bad Romance“ на Лејди Гага е на врвот на топ листите ширум светот уште од нејзиното појавување во ноември минатата година, и очигледно е дека интересот за неа уште не спласнува. Ако на ова се додадат глобалната попуарност на Лејди Гага и оригиналните видео записи на нејзините песни, тогаш јасно е од каде потекнува неверојатната посетеност на песната на „Youtube“.

Извор:

Social Times

 
AddThis Social Bookmark Button

Pandora + Twitter = Dora.fm

 

Најинтересните работи на Мрежата, најчесто се производ на одлично комбинирање на веќе постоечките услуги. Најновата примамлива комбинација е наменета за сите оние кои уживаат во слушање музика на Pandora и „твитање“ истовремено. Се работи за „Dora.fm, која комбинирајќи ги услугите на „Pandora“, „Twitter“ и скратувачот на линкови „Bit.ly, им нуди на корисниците да ја споделат музиката што ја слушаат со своите пријатели на „Twitter“.

20100406-nbdhdm1b495c7kssu2jm185kup

Извор:

ReadWriteWeb

 
AddThis Social Bookmark Button

Најпопуларните социјални мрежи за музика

 

itunes-music-social-networkИнтернет-радиото можеби влегува во несугирни води, но многу од социјалните мрежи за музика продолжуваат да бележат голема популарност. Ако сте член на бенд, овие веб-страници се мошне битни за промоцијата на вашата музика. Затоа, додајте ги следниве линкови во “bookmarks” и зачленете се на што поголем број од музичките социјални мрежи кои денес ви ги презентираме. Се разбира, „MySpace“ е изоставена од листата затоа што нема потреба некому да ја претставуваме.

 

Повеќе...
 
AddThis Social Bookmark Button

Подемот на социјалната музика: Како Мрежата ја трансформираше музиката

 

music-clickПред 15 години ги слушавме нашите омилени песни на компакт дискови, се шетавме со вокмените и потпевнувавме на звуците од радиото. Но со подемот на Мрежата и социјалните медиуми музиката се трансформираше во уште пораширена и подостапна уметност. Веќе нема потреба музиката да биде запакувана на наосач на звук потпишан од врвна музичка куќа, ниту пак мораме поседуваме масивна колекција на дискови за да може да се нурнеме во светот на музиката.


Повеќе...
 

МИМIDSCSEJCФинансирано од:Министерство за образование и наукаВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието