Медиумска писменост

AddThis Social Bookmark Button

Подемот на социјалната музика: Како Мрежата ја трансформираше музиката

 

music-clickПред 15 години ги слушавме нашите омилени песни на компакт дискови, се шетавме со вокмените и потпевнувавме на звуците од радиото. Но со подемот на Мрежата и социјалните медиуми музиката се трансформираше во уште пораширена и подостапна уметност. Веќе нема потреба музиката да биде запакувана на наосач на звук потпишан од врвна музичка куќа, ниту пак мораме поседуваме масивна колекција на дискови за да може да се нурнеме во светот на музиката.


Па како Мрежата ја промени музиката? На почетокот Интернетот беше само алатка за полесен пристап до музиката. Со дигитализацијата на музиката стана можно да се „режат“ дискови и да се прават сопствени музички компилации. Тоа беше и почетокот на пиратската култура – „ peer to peer “ мрежите од типот на „Napster“ и „Kazaa“ создадоа можност да се разменуваат купените музички продукти на легален начин, наместо дотогашното нелегално симнување. Во тој период, додека мрежата се уште не беше регулирана, бевме сведоци на големи иновации од типот на интернет радиото, „RealAudio“ и „MPEG-1 Audio Layer 3“ форматот, кој ни е попознат како „MP3“.

 

Подемот на социјалната музика

 

Раниот Интернет ја направи музиката подостапна, навистина, но дали го промени начинот на којшто ја конзумиравме? Се уште бевме само конзументи на музиката, а не и партиципанти.  Сето тоа се смени со „MySpace“. Кога „MySpace“ дебитираше на мрежата во 2003-та, тоа беше вистинска револуција за музичкиот свет. Најголемата новина беше алатката што им дозволуваше на корисниците да ги споделат омилените песни во MP3 формат на својот профил. Со тоа „MySpace“ не само што стана епицентар на музиката, туку придонесе музиката да добие социјален идентитет. Музиката повеќе не беше еднонасочно искуство.

 itunes-screen1

Музиката стана дигитална и можеше да се споделува како дел од социјалната комуникација. Сепак, се уште постоеше проблем – најголемиот дел од музиката беше споделувана илегално преку правењето на дигиталните записи од музичките дискови. Две работи го променија ова – MP3 плеерот и „iTunes“. Плеерот придонесе за полесну слушање на музика во секое време и секаде, додека продавницата на „iTunes“ на „Аpple“ го олесни купувањето на музика, преку можноста да се купи само одредена песна. Онлајн музичките продавници како „iTunes“, „Amazon“, и „MP3.com“ беа носители на трансформацијата на музиката во комплетно дигитализирано искуство.

 

Оригинални иновации

 

Сега кога музиката може да да биде конзумирана во дигитален форма, што ја прави многу достапна, социјалните медиуми можат да започнат со иновирање на најоригиналните продукти што некогаш биле дел од музичкиот свет. Првиот исчекор го направи „Last.fm“, музичката социјална мрежа која им дозволува на корисниците да слушаат музика врз основа на вкусовите на нивните пријатели и со нив да ги споредуваат и споделуваат музичките интереси.


Воедно музичките сервиси од типот на „Pandora“ и „Blip.fm“ ја направија конзумацијата на музиката поедноставна – не е потребно симнување, музиката се слуша директно на страницата (streaming). За музичките таленти во подем тука се „Тhesixtyone“ и „Тhenextbigsound“, страници кои овозможуваат музиката на непробиените артисти да ја слушнат што повеќе луѓе.

 

Музика во движење

 

Социјалните мрежи не се единственото мосте каде што можете да ја почуствувате оваа трансформација на музиката. Мобилните платформи и апликации исто така нудат ново музичко доживување. Веќе не морате да качувате музика на вашиот „iPod“. Можете едноставно да слушате музика преку streaming опцијата на погоре споменатите музички сервиси како Pandora,  „Blip.fm“ и „Last.fm“, и тоа речиси секаде што значи дека светските музички библиотеки ви се постојано достапни, неврзано за компјутерот. Во истата насока се движат и новите апликации за мобилни телефони.

 

lastfm-iphone

Музиката никогаш не била подостапна. Интернетот не само што ја направи музиката лесно споделива, туку слушателите ги претвори во активни учесници.

Преземено од:

Mashable

 

МИМIDSCSEJCФинансирано од:Министерство за образование и наукаВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието