Лејди Гага со најгледано видео на YouTube
Со над 179 милиони прегледувања, спотот за песната „Bad Romance“ на Лејди Гага стана најгледана содржина на „YouTube“, надминувајќи го досегашниот рекордер – комичното видео „Charlie Bit My Finger“.
Песната „Bad Romance“ на Лејди Гага е на врвот на топ листите ширум светот уште од нејзиното појавување во ноември минатата година, и очигледно е дека интересот за неа уште не спласнува. Ако на ова се додадат глобалната попуарност на Лејди Гага и оригиналните видео записи на нејзините песни, тогаш јасно е од каде потекнува неверојатната посетеност на песната на „Youtube“.
Извор:









