Медиумска писменост

AddThis Social Bookmark Button


„Свириме за промена“ - е мултимедијално движење креирано да инспирира, поврзува и да донесе мир во светот преку музика. Идејата за овој проект произлегува од верувањето дека музиката ја има моќта да ги надмине границите и растојанието меѓу луѓето. Без разлика од каде доаѓаат, каква е нивната политичка, економска, спиритуална, идеолошка или религиозна позадина, музиката ја има универзалната моќ да не обедини како една раса- човековата.

За успешна реализација на проектот оваа група поседува студио кое поради специфичните потреби е подвижно, со кое се снима и е опремено со опрема која се употребува во најдобрите студија, а патуваат таму каде музиката ќе ги однесе.

Музичари од целиот свет заедно свират познати песни кои ја пренесуваат пораката за мир. На нивните настапи, публиката може да види и слушне музичари кои патувале илјадници милји од дома, а обединети поради една причина – обединувачката моќ на музиката да допре до сите.

Една од песните која е одсвирена на овој начин, и за која е снимано видео, е популарната песна на Боб Марли - “War- No More Trouble”

 

МИМIDSCSEJCФинансирано од:Министерство за образование и наукаВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието