Медиумска писменост

AddThis Social Bookmark Button

Олимписките игри во Ванкувер – Социјални игри

 

corporate_sponsorshipСпонзорите имаат ново име за Олимписките игри во Ванкувер – Социјални игри. Се смета дека многу повеќе луѓе ќе бидат со поглед врзан за екраните на компјутерите и мобилните телефони, одошто пред телевизорите додека траат ЗОИ 2010. Од Кока-Кола велат дека нивната реклама за време на „Super Bowl“ ја виделе 100 милиони луѓе, додека пак подоцна, по пат на Интернет, таа достигнала 500 милиони интеракции од различен тип. Сега истата формула се применува и за Олимписките игри. 

Спонзорите потрошија месеци во креирањето на стратегии со цел да ги привлечат корисниците на Интернет во виртуелна интеракција со нивните брендови. Во време на одржувањето на Олимписките игри, повеќе отколку било кога, спонзорите се максимално посветени да предизвикаат „зуење“ (buzz) поврзано со нивните производи, и на тој начин да добијат максимален фидбек од секој долар вложен во огласувањето на социјалните медиуми.

Еве некои од плановите на главните спонзори поврзани со социјалните медиуми:

Виза: Околу 40% од средствата за маркетинг во време на Олимпијадата ќе бидат наменети за креирање дигитални пораки. Отворен е канал на „YouTube“ каде што можат да се видат шестте реклами поврзани со Игрите. Посетителите можат да гласаат за омилената реклама .

Кока-Кола: Беше создадена апликација со виртуелна тепачака со снежни топки, која може да се споделува преку социјалните медиуми. Исто така, апликација за „iPhone“, со звуци на навивање, навивачки труби и познатиот звук на сипување на Кока-Кола во чаша. Натрпеварувачите спонзорирани од компанијата ќе објавуваат на посебен канал на Твитер своите доживувања од Олимпијадата.

McDonald's: Беше лансирана кампањата „How Do You McNugget?“ – виртуелна потрага по одговорот на прашањето како олимписките натпреварувачи го јадат „McNuggets“, популарниот оброк на компанијата. Наградата која „McDonald's“ ја нуди е пат за двајца на ЛОИ 2012 во Лондон.

General Electrics: Во време на Олимпијада се лансира една од најголемите кампањи базирани на социјалните медиуми – програма за подобрување на здравјето. Под тагот на „Twitter“  #genhealthy, во име на компанијата 25 експерти од областа на здравството ќе објавуваат твитови со совети за подобрување на здравјето на луѓето. Овие совети ќе бидат дел и од „Facebook“ страната на компанијата, а ќе се постават и посебни видеа на „YouTube“.

Извор:

USA Today

 

МИМIDSCSEJCФинансирано од:Министерство за образование и наукаВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието