Медиумска писменост

AddThis Social Bookmark Button

„Twitter“ започна со геолокација на „твитовите“

 

„Twitter“ ја направи достапна услугата која ги геолоцира твитовите на корисниците. Тоа значи дека од сега па натаму нема да ви бидат потребни апликациите за мобилни телефони од типот на „Tweetie“ за да покажат каде се наоѓате додека „твитате“. Овој потег на „Twitter“ се очекува да придонесе за поголемо споделување на геолокациските податоци при конверзациите, а со тоа  да биде и значајна поддршка за локалните вмрежувања и претраги.

geotag-tweets

Во моментов услугата им е достапна на 40 проценти од корисниците, и тоа само преку „Firefox“, но се очекува да „проработи“ и на останатите прелистувачи, и за сите корисници на социјалната мрежа за микроблогирање.

Треба да се напомене и дека „Twitter“ не ги геолоцира твитовите автоматски. Потребно е најпрво да го овозможите споделувањето на локацијата во подесувањата, и да се согласите да ја направите оваа информација јавна.

Извор:

Digital Beat

 

МИМIDSCSEJCФинансирано од:Министерство за образование и наукаВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието