Следете ги славните личности на „Foursquare“
Од „Foursquare“ објавија дека постигнале договор со „MTV“ и „VH1“ кој се однесува на промоција на концепт за следење по теркот на „Twitter“, но на славни личности, наречен “Celebrity Mode”. Тоа значи дека корисниците на „Foursquare“ ќе можат да ги следат ѕвездите, без воспоставување на взаемно пријателство – токму како што функционира „Fun page“ на „Facebook“.
Се разбира, на профилот на ѕвездите ќе бидат ажурирани само јавните настани, бидејќи во спротивно ќе си навлечат „на грбот“ илјадници обожаватели каде и да одат. На почетокот, оваа услуга ќе се однесува на ексклузивците од „MTV“ и „VH1“, а применлив ќе биде и системот на беџови, кои ќе бидат поврзани со омилените шоу-а на корисниците.

Медиумските експерти целиот овој процес го гледаат како уште една потврда дека „Foursquare“ забрзано се приклучува на главната струја на социјални медиуми. Да потсетиме, пред извесно време „Foursquare“ забележа раст на корисниците за 20% во еден ден.









