Приватноста се враќа на „Facebook“
Корисниците на „Facebook“ победија. После повеќемесечни негодувања и обвинувања, сопствениците на најголемата социјална мрежа одлучија да ги поедностават прилагодувањата на профилите на корисниците, со што ќе се намалат ризиците по приватноста.
„Зад нас се неколку напорни недели. И порано се обидувавме да им излеземе во пресрет на корисниците, но работите некако се измешаа и настана хаос. По реакциите на корисниците, ги донесовме работите во ред, пред се со додавање на поедноставни опции за регулирање на приватноста на профилот“ – изјави на конференција за новинарите сопственикот на „Facebook“, Марк Цукерберг.

Неговата реакција следуваше по загрижувачките анкети на Интернет кои покажуваа големо незадоволство на корисниците од начинот на заштита на приватноста на податоците од нивните профилина „Facebook“. Алармот се вклучи кога меѓу пребаруваните поими на „Google“ мошне популарна стана фразата „како да се избришр профилот на Facebook“.
Еден од најважните аспекти на „новата приватност“ е опцијата ретроактивно да ги заштитите направените објави (слики, статуси). Повеќе детали за ова можете да прочитате на блогот на Цукерберг.
Извор и фото:









