Медиумска писменост

AddThis Social Bookmark Button

Деконструкција на медиумските пораки

 

Сите медиумски пораки – ТВ програмите, весниците, филмовите, рекламита и слично – се создадени или конструирани од луѓе. Една од најважните вештини во медиумската писменост е способноста за деконструкција на медиумските пораки – темелно испитување и расчленување на медиумските пораки со цел да се разбере како тие навистина функционираат.

 

Деконструкцијата на медиумските пораки може да ни помогне да разбереме кој ја создал пораката,  кому е таа наменета и со каква цел. Деконструкцијата може да открие како тој што ја создал пораката всушност ја составил, користејќи зборови, слики, звуци, дизајн и други елементи. Преку неа можеме да ги откриеме и ставовите на креаторот на пораката, неговите вредности, инивната наклонетост кон одредена идеологија. Истовремено, можеме да ги разоткриеме и скриените значења на пораката – вметнати намерно или ненамерно.

Не постои само еден „исправен“ начин да се деконструира медиумската порака – секој од нас ги интерпретира медиумите поинаку, врз основа на сопственото знаење, искуство, верувања и вредности. Се што треба е да бидете подготвени да ја објасните сопствената интерпретација.

Основни концепти за деконструкција на медиумите

Извор: Сите медиумски пораки се создадени. Оној што ја создал пораката може да е индивидуа -писател, фотограф, блогер. Во случајот на холивудските филмови, на пример, во создавањето на пораката учествуваат сценаристот, режисерот, продуцентот и филмското студио. Рекламите најчесто се создаваат во рекламните агенциите, но креаторот може да биде и нарачателот – компанијата или организацијата која плаќа за рекламата. Главната поента е: Чива е пораката? Кој има контрола врз нејзината содржина?

Публика: Медиумските пораки имаат за цел да допрат до публиката. Некои пораки – како оние кои се емитуваат во ударните термини – се создадени да допрат до милионска публика. Други пак – како писмата или мејловите – можат да бидат наменети само за една личност. Најголемиот дел од медиумските пораки се дизајнирани да допрат до специфична група на луѓе – одредена со возраста, полот, социјалниот стаус, образованието и други фактори. Ваквата група на луѓе се нарекува „целна публика“.

Текст: Најчесто го употребуваме зборот „текст“ со значење „пишани зборови“. Но во рамки на медиумската писменост зборот  „текст“ има мошне пошироко значење. Текстот на секој медиум е всушност она пто го гледаме или слушаме преку медиумот. Тој може да биде во пишана форма, во говорна, во форма на фотографија, графика, движечки слики, звуци или секвенца на сите овие елементи заедно.

Поттекст: „Поттекстот“ е индивидуална интерпретација на медиумската порака. Се нарекува уште и „латентен текст“. Поттекстот не е несто навистина видено или слушнато; неговот значење го креира поединецот во својот ум врз основа на текстот. Создавачите на медиумските пораки мошне често создаваат текстови кои треба да наметнат одреден поттекст, но воглавном секој поединец од публиката си создава сопствен поттекст поттикнат од сопстваните искуства, од знаењето што го стекнал, од карактерот, вредностите и слично. Затоа, двајца луѓе кои интерпретираат еден ист текст можат да создадат два мошне различни поттекста.

Техники на убедување: Медиумските пораки користат бројни техники со кои се обидуваат да не убедат да веруваме во нешто или да направиме нешто. Ако успееме да ги забележиме техниките кои се користат, мошне помалку веројатно е дека ќе бидеме убедени, односно многу е поверојатно дека ќе изградиме сопствено  мислење.

Гледна точка: Никој не ја кажува целата приказна. Секој раскажува делови од приказната од негова гледна точка. Деконструкцијата на медиумската порака може да ги извади на виделина вредностите и наклонетоста на креаторот напораката, и да разоткрие моќни идеолошки и вредносни пораки.

Прашања за упореба при деконструкција 

Можете да ги користите следниве прашања за набрзина да деконструирате една медиумска порака.

Основно ниво на прашања за деконструкција

  1. Чива е поркава? Кој ја создал? Кој платил за неа? Зошто?

  2. Која е „целната публика“? Кои се назнаките што упатуваат на „целната публика“ (зборови, слики, звуци)

  3. Кои техники на убедување се користат?

  4. Кој дел од приказната не е раскажан?

Средно ниво на прашања за деконструкција

  1. Чива е поркава? Кој ја создал? Кој платил за неа? Зошто?

  2. Која е „целната публика“? На која возрасна, етничка, професионална, полова, интересна група припаѓа „целната публика“? Кои се назнаките што упатуваат на „целната публика“ (зборови, слики, звуци)

  3. Кој е „текстот“ на пораката? Што навистина гледаме или слушаме: пишани или изговорени зборови, слики, логоа, дизајн, музика и слично?

  4. Кој е „поттекстот“ на пораката? Што мислите дека е скриеното значење или неискажаната порака?

  5. Кои техники на убедување се користат?

  6. Кои се негативните аспекти на пораката? Кои се позитивните аспекти на пораката?

  7. Кој дел од приказната не е раскажан?

Напредно ниво на прашања за деконструкција

  1. Чива е поркава? Кој ја создал? Кој платил за неа? Зошто?

  2. Која е „целната публика“? На која возрасна, етничка, професионална, полова, интересна група припаѓа „целната публика“? Кои се назнаките што упатуваат на „целната публика“ (зборови, слики, звуци)

  3. Кој е „текстот“ на пораката? Што навистина гледаме или слушаме: пишани или изговорени зборови, слики, логоа, дизајн, музика и слично?

  4. Кој е „поттекстот“ на пораката? Што мислите дека е скриеното значење или неискажаната порака?

  5. Каков животен стил промовира пораката? Дали е додаден гламур? На кој начин.

  6. Кои вредности се истакнати?

  7. Кои техники на убедување се користат?

  8. Кои се негативните аспекти на пораката? Кои се позитивните аспекти на пораката?

  9. Која група на луѓе добиваат на моќ преку пораката? Која група на луѓе губи од моќта?  Како тоа им служи на интересите на оној кој ја создава пораката?

  10. Кој дел од приказната не е раскажан? Како и каде можете да најдете повеќе информации за нераскажаниот дел од приказната?

Извор:

Nimmpl.org

 

 

МИМIDSCSEJCФинансирано од:Министерство за образование и наукаВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието