Десет причини за изучување на медиумската писменост
„Се давиме во информации, но гладуваме за знаење“
--John Naisbitt, Megatrends
1. Им помага на студентите да бидат мудри конзументи на медиумските содржини, добри менаџери со информации, одговорни продуценти на сопствените идеи во користењето на моќните мултумедијални алатки на глобалната медиумска култура.
2. Ги ангажира студентите. Воведувањето на светот на медиумите во училницата го поврзува учењето со „вистинскиот живот“ и прави медиумската култура да биде богато и привлечно подрачје за изучување.
3. На професорите и студентите им дава заеднички пристап до критичкото размислување, кое, кога ќе се иницира, се практикува до крајот на животот.
4. Обезбедува можност за интегрирање на најразлични полиња, создвајќи заеднички вокабулар кој е применлив во сите дисциплини.
5. Помага да се постигнат бараните стандарди употребувајќи современа медиумска содржина која им се допаѓа на студентите.
6. Ги зголемува можноста и способноста на студентите да комуницираат и да ги искажат сопствените идеи преку широк спектар на медиумски форми.
7. Медиумската писменост е процес на трагање и како таква го менува процесот на предавање и на наставникот му овозможува да учи заедно со студентите. Тука професорот повеќе е насочувач кој стои од страна, одошто строг авторитет кои стои над главата.
8. Со фокусирањето врз вештините на креирање наместо врз повторувањето на содржината, студентите се стекнуваат со способност да ја анализираат било која порака во било кој медиум, и со тоа стануваат повеќе подготвени за животот во мидуимски-структурираната култура.
9. Дозволува изградба на динамични платформи преку кои се изучува, во чија изработка студентите активно учествуваат, а тоа ја спречува да стане неинтересна и пасивна.
10. Корист од медиумската писеност, освен студентите, има и целото општество. Се создаваат средства и методи кои потикнуваат дискурс на повисоко ниво, кој треба да резултира со граѓански вештини соодветни за да придонесат за подобрување на јавната дебата.
Извор:









