Се подготвува „Google TV“?
Иако „Google“ има колосални резултати во огласувањето на Интернет, сепак овој успех не беше пренесен и на полето на класичните медиуми. Сега, се прават напори огласувањето од Интернет целосно да се пренесе на телевизијата. Имено, „Google TV“ ќе биде базиран на „Android“ оперативниот систем, кој веќе функционира на мобилните телефони, и тоа треба да им овозможи на корисниците да ги менуваат активните веб-апликации подеднакво лесно како што би менувале телевизиски канали.
Додека „Google“ ја развива платформата, во „Sony“ се работи на техничката изведба на хардверот, а „Logitech“ ги подготвува периферните алатки од типот на далечински управувач со вклучена тастатура.
Од „Google“ одбија да ги коментираат овие вести, што впрочем го правеа и со другите гласини кои се покажаа вистинити, па зато останува да почекаме и да видиме дали „Google TV“ навистина ќе не „пресели“ во дневната соба.
Извор:









