Претставен новиот Интернет-прелистувач за телевизори – „Kylo“
Од „Hillcrest Labs“ го најавија пуштањето во употреба на нивниот бесплатен интернет-прелистувач „Kylo“. Базиран на „Mozillа“, новиот прелистувач ќе биде компатибилен со „Mac“ и „Windows“, а првенствено е наменет за телевизиски апарати поврзани со компјутер. За разлика од останатите слични апликации, „Kylo“ не ја прикажува локалната содржина, туку само онаа преземена од Мрежата.

Прелистувачот „Kylo“ е дизајниран така што корисниците нема да имаат потреба да внесуваат текст мошне често. На основната страница достапни се 128 копчиња, кои кога ќе се кликнат го носат корисникот на најпопуларните интернет страници како „YouTube“, „Hulu“, „Facebook“, „Amazon“, „Pandora“, „ESPN“, „NBC“, „CBS“, „ABC“, „Fox“ и други. „Кликањето“ може да се прави со посредство на „покажувач“ (pointing device), а компанијата „Hillcrest Labs“ се проби на пазарот токму со еден напреден модел на „покажувач“, така што нивните очекувањата во врска со бесплатниот ТВ прелистувач најверојатно се насочени кон продажбата на „покажувачот“.









