Социјалните медиуми продолжуваат да „крадат“ од доларите наменети за ТВ реклами
Најновото заединчко истражување на „Forrester Research“ и „National Advertisers“ покажало дека трошењето за рекламирање на социјалните медиуми расте, и тоа за сметка на рекламирањето на телевизија. Во истражувањето биле опфатени 104 огласувачи од САД кои припаѓаат на 21 различна индустрија, а чии вкупен буџет наменет за медиумите изнесува 14 милијарди долари. Меѓу нив се компании како „Cisco Systems“, „GlaxoSmithKline“, „ING“, „Kraft“, „Marriott“ и други.
Резултатите од истражувањето покажале дека огласувачите, за рекламирање на ТВ, планираат да потрошат 41% од буџетот наменет за медиуми во 2010. Овој процент е сличен со оној од минатата година, но вредно е да се напомене дека пред две години, парчето од медиумскиот буџет наменето за телевизијата изнесуваше 58%.
Токму социјалните медиуми, односно нивниот подем, се наведуваат како главна причина за опаѓањето на буџетот на огласувачите наменет за телевизијата. Дури 77% од испитаниците во истражувањето потврдиле дека планираат да префрлат дел од буџетот наменет за огласување на ТВ во буџетот за социјалните медиуми.
Познавачите очекуваат овој тренд за сигурно да продолжи и во наредните две до три години.
Извор:









