Медиумска писменост

Весници

AddThis Social Bookmark Button

Верзијата на „Wall Street Journal“ за „iPad“ ќе чини 17.99 долари месечно

 

Познатиот весник „Wall Street Journal“ ќе наплаќа месечна претплата за пристап до содржините преку „iPad“ во висина од 17.99 долари на месечно ниво. Ова осамна на страниците на „WSJ“ како информација добиена од луѓе од управата блиски до целиот процес. Споменатата цена е за 10 долари поевтина од месечната претплата на „хартиеното“ издание, сепак, се уште не се знае како потенцијалната „iPad“ публика ќе реагира на неа.

500x_papers

Статијата во весникот се осврнува и на можностите за огласување што се отвораат со лансирањето на „iPad“. Па така, дознаваме дека магазинот „Time“ веќе се договорил со неколку познати брендови за огласување преку „iPad“, но и дека Wire им нуди на своите огласувачи понуда со „додатни елементи“ – претпоставуваме дека станува збор за видео огласи. Esquire, пак, се одлучил за издание 2 долари поевтино од стандардното, но без никакви огласи. Што ќе донесе „iPad“-от за весниците и индустријата на огласување, и дали ќе се соочиме со сосема нови модели на огласување, останува да се види во наредниот период.

Извор и фото:

Gizmodo

 
AddThis Social Bookmark Button

Оглас од 700 000 долари на насловната на „Los Angeles Times“

 

latimes_disney_0-thumb-200x150-6018Компанијата „Disney“ плати околу 700 000 долари за реклама за филмот „Алиса во земјата на чудата“ на насловната страна на весникот „Los Angeles Times. Читателите на весникот во петокот мораа да завртат на втората страница за да ги прочитаат насловите на денот, бидејќи на насловната страница во боја беше објавена реклама за филмот на која беше ликот на Џони Деп во улогата на Лудиот Шапкар од филмот.

Иако уредничкиот борд на весникот се противел на рекламата, одлуката била донесена на инсистирање на деловните директори. Главниот уредник на „LA Times“, Рас Стантон, се оградил од огласот велејќи дека одлуката не била негова.

За медиумските експерти ова е мошне ризичен чекор. Поранешниот професор по новинарство на Универзитетот Јужна Калифорнија, Роберт Нилс вели дека рекламата на насловната страна претставува ризичен потег кој покажува непочитување кон публиката и ја намалува довербата во уредувачкиот производ. 

Слично нешто најави и „New York Times“, уште минатата година, правдајќи ја одлуката со најголемиот пад на профитот од продажба уште од времето на Големата Депресија. Според ова, можеме да очекуваме слични реклами во целата индустрија, бидејќи приходот кој се генира на тој начин воопшто не е за занемарување, посебно во време на големата криза со која се соочуваат весниците, речиси без исклучок.

Извор:

Editors Weblog

 
AddThis Social Bookmark Button

Фотки од „дигиталниот дневник“ на „Microsoft“

 

За „табличката“ на „Microsoft“ се зборува уште од минатата есен, а дури сега за прв пат се достапни поконкретни информации и слики. Од„Endgadget“споделуваат дека „Microsoft's Courier tablet / e-book“ device ќе биде мошне лесен и нема да зафаќа многу простор. Она што е ново е сознанието дека табличката ќе функционира како „дигитален дневник“. Интерфејсот ќе биде заснован на допири со специјално пенкало и ќе препознава ракопис. Уредот ќе има камера и приклучок за слушалки. 

03-05-10courier

Дигиталниот дневник на „Microsoft“ најверојатно ќе има функција и на официјален електронски читач (e-reader) на компанијата, што значи дека дизајнот ќе биде во функција на што попријатно читачко искуство. Официјалното пуштање во употреба се очекува во третиот или четвртиот квартал на годинава, а цената останува дотогаш да ја нагаѓаме. 

03-05-10courier2

На „Endgadget“ погледнете ги и видеата кои покажуваат како „дигиталниот дневник“ ќе функционира во пракса.

 
AddThis Social Bookmark Button

Апликацијата на „Guardian“ за „iPhone“ бележи одлична продажба

 

The-Guardian-iphone-app_1Апликацијата за „iPhone“ на„Guardian била симната повеќе од 100 000 пати од нејзиното објавување во декември, објавија од весникот. Во моментов апликацијата е на прво место во Велика Британија според бројот на симнати апликации за кои се плаќа.

За две и пол фунти колку што чини апликацијата, корисниците добиваат пристап до вестите, коментарите и фотогалериите на „Guardian“. 

Повеќе...
 
AddThis Social Bookmark Button

„Associated Press“ се враќа на „Google News“

 

apgoogleПосле еден месец затишје, на „Google News повторно се појавија статии на„Associated Press. Обете компании беа во преговори да постигнат нов договор, откако претходно „AP“ се реши построго да ги контролира сите содржини кои ги создава, а „Google“ на тоа одговори со целосен престанок на објавување на нивните вести. Договор, најверојатно, бил постигнат, бидејќи од денес статиите на „Associated Press“ се повторно присутни на агрегатрот на вести на „Google“.

Инаку, во основата на овој судир беа непомирливите деловни принципи на компаниите. Имено, додека новинската агенција смета дека е недозволиво трудот и трошоците вложени во создавањето на вести од јавен интерес да резултираат со профит на трета страна која не помогнала во создавањето, ставот на „Google“ е оној кој всушност е и основата на нивната деловна филозофија – отвореноста на содржините од Мрежата е приоритет за компанијата.

Очигледно е сепак дека некаков компромис бил направен. Каков и од чија страна, останува да видиме.

Извор:

Mashable

 
AddThis Social Bookmark Button

„The New York Times“ започнува со наплата на интернет содржините

 

NYTimes

Највлијателниот американски дневен весник обзнани дека од 2011 година планира да ги наплаќа содржините што ќе ги нуди на својата интернет страница. На ваков чекор „The New York Times се одлучил откако веќе подолго време, и покрај преземените мерки, приходите се помали од расходите.

Електронското издание, сепак, нема да биде во целост недостапно за оние кои нема да се одлучат за претплата. Дел од содржините ќе бидат „отворени“, но само до одреден степен – секој посетител без претплата ќе може да прочита дел од содржините на весникот, додека најинтерсните и најважни содржини ќе бидат достапни само за претплатниците. 

Повеќе...
 

МИМIDSCSEJCФинансирано од:Министерство за образование и наукаВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието