Медиумска писменост

AddThis Social Bookmark Button

„The New York Times“ започнува со наплата на интернет содржините

 

NYTimes

Највлијателниот американски дневен весник обзнани дека од 2011 година планира да ги наплаќа содржините што ќе ги нуди на својата интернет страница. На ваков чекор „The New York Times се одлучил откако веќе подолго време, и покрај преземените мерки, приходите се помали од расходите.

Електронското издание, сепак, нема да биде во целост недостапно за оние кои нема да се одлучат за претплата. Дел од содржините ќе бидат „отворени“, но само до одреден степен – секој посетител без претплата ќе може да прочита дел од содржините на весникот, додека најинтерсните и најважни содржини ќе бидат достапни само за претплатниците. 

Инаку, во новинарскиот еснаф веќе долго време се размислува за изнаоѓање на нов модус на функционирање, бидејќи приходите од огласувањето во електронските изданија се мошне помали од оние кои доаѓаат од рекламите во печатените изданија. Истовремено, поставувањето на претплата за интернет посетителите неминовно ќе значи и помал број на „кликања“, а со тоа и помали приходи од онлајн огласувањето. Многумина се скептични околу тоа дали овие однапред изгубени средства ќе можат воопшто да се надокнадат преку моделот на претплата. Во секој случај ќе биде мошне тешко да се постигне вистинскиот баланс кој би резултирал со зголемување на приходите.

Ова станува мошне појасно кога ќе се спомене фактот дека nytimes.com има 18 милиони посети на месечно ниво, кои носат 100 милиони долари во приходи од реклами. Како и да е, ниту овие средства, ниту пак отпуштањето на 200 вработени и продажбата на деловни простории не успеа да обезбеди непречено финансиско работење на „The New York Times“. Затоа, сопствениците на весниците се повеќе се вртат кон моделот чиј најголем поборник е медиумскиот магнат Руперт Мардок.

Самиот Мардок веќе ја спроведе формулата со која „The New York Times“ планира да стартува од 2011, и тоа на својот весник „Wall Street Journal, кој воедно е најтиражниот дневен весник во САД. Со овој потег Мардок успеа да го докаже она во што веруваше - дека квалитетниот производ секогаш ќе го најде купувачот. Слично покажа и анкетата на „The New York Times спроведена минатата година. Имено, најредовните читатели се подготвени да платат за содржините на својот омилен дневен весник.

Останува да се види како сето ова ќе се одвива во праксата. Во секој случај, никој не очекува дека промената на моделот на функционирање ќе се одвива глатко. Сепак, луѓето зад „The New York Times, голем адут на промената гледаат во премиерата на „табличката“ на „Apple, најавена како револуционерна алатка која сосема ќе ја промени дистрибуцијата на содржините на печатените медиуми. Како и да е, сите нестрпливо го чекаме исходот.

 

 

МИМIDSCSEJCФинансирано од:Министерство за образование и наукаВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието