Апликацијата на „Guardian“ за „iPhone“ бележи одлична продажба
Апликацијата за „iPhone“ на„Guardian“ била симната повеќе од 100 000 пати од нејзиното објавување во декември, објавија од весникот. Во моментов апликацијата е на прво место во Велика Британија според бројот на симнати апликации за кои се плаќа.
За две и пол фунти колку што чини апликацијата, корисниците добиваат пристап до вестите, коментарите и фотогалериите на „Guardian“.
Од „Guardian“ велат дека се мошне задоволни од интересот на публиката и спремноста да платат за вестите. Сепак, сите чекаат на најавените бесплатни апликации на „BBC“, за да видат како тој потег ќе се одрази на пазарот, а посебно на бројките кои ги прикажаа луѓето од „Guardian“.
Инаку, успехот на апликацијата на „Guardian“ е уште поголем ако се земе предвид дека на пазарот на апликации за „iPhone“ во Британија веќе функционираат бесплатната апликација на „Telegraph“ и неавторизираните апликации кои ги користат содржините на „BBC“.
Во секој случај, споменатите резултати се поттик за размислување за печатените медиуми, кои на глобално ниво се уште немаат усогласени ставови оклу начинот на функционирање во иднина.









