Оглас од 700 000 долари на насловната на „Los Angeles Times“
Компанијата „Disney“ плати околу 700 000 долари за реклама за филмот „Алиса во земјата на чудата“ на насловната страна на весникот „Los Angeles Times“. Читателите на весникот во петокот мораа да завртат на втората страница за да ги прочитаат насловите на денот, бидејќи на насловната страница во боја беше објавена реклама за филмот на која беше ликот на Џони Деп во улогата на Лудиот Шапкар од филмот.
Иако уредничкиот борд на весникот се противел на рекламата, одлуката била донесена на инсистирање на деловните директори. Главниот уредник на „LA Times“, Рас Стантон, се оградил од огласот велејќи дека одлуката не била негова.
За медиумските експерти ова е мошне ризичен чекор. Поранешниот професор по новинарство на Универзитетот Јужна Калифорнија, Роберт Нилс вели дека рекламата на насловната страна претставува ризичен потег кој покажува непочитување кон публиката и ја намалува довербата во уредувачкиот производ.
Слично нешто најави и „New York Times“, уште минатата година, правдајќи ја одлуката со најголемиот пад на профитот од продажба уште од времето на Големата Депресија. Според ова, можеме да очекуваме слични реклами во целата индустрија, бидејќи приходот кој се генира на тој начин воопшто не е за занемарување, посебно во време на големата криза со која се соочуваат весниците, речиси без исклучок.
Извор:









