Медиумска писменост

Весници

AddThis Social Bookmark Button
Медиум е заеднички проект на дневниот весник Нова Македонија и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста наменет за средношколците кои се заинтересирани за новинарството.
Овој проект го сочинуваат неколку активности: печатено, месечно издание Медиум како подлисток во дневниот весник Нова Македонија; он-лајн издание на Медиум и веб страницата  http://medium.edu.mk/
Целта на проектот е пред се да ја поттикне тинејџерската публика да чита повеќе, да пишува - особено преку конкурсот за најдобар млад новинар, да се анимираат новинарските секции во училиштата, да се креира заедница на средношколци со новинарски афинитети, како и за соработка со меѓународни организации посветени на поттикнување на младите на читање и пишување.

 
AddThis Social Bookmark Button

Комуникации.нет: Развојот на новинската индустрија, во туѓи раце

 

Веројатно како никогаш досега весниците, и сите останати произведувачи на информации, поточно мислам на традиционални медиуми, се наоѓаат во ситуација кога најмалку имаат влијание во развојот на она што најдобро знаат да го прават.

komunikacii

Целиот текст тука.

 
AddThis Social Bookmark Button

Пулицерови награди 2010: Дигиталните медиуми најпријатно изненадување

 

Picture 9-thumb-200x268-167

Најголемото изненадување на доделувањето на Пулицеровите награди за 2010 година, кое се одржа синоќа, беа наградите кои отидоа во рацете на новнари од дигиталните медиуми. Имено, „ProPublica“ и „The San Francisco Chronicle“, со добивањето на „Пулицер“ за содржини објавени на Интернет, навестија нова ера во новинарството.

 

Повеќе...
 
AddThis Social Bookmark Button

„Yahoo News“ вработува новинари

 

Во обид да ја зголеми популарноста на сопствените вести, преку создавање оригинална содржина, наместо превземање од другите медиуми, „Yahoo“ вработи голем број на новинари од печатените и „онлајн“ медиуми и отвори агенција во Вашингтон.

yahoonews1302008

Овој потег треба да ги соедини оригиналните вести и видео содржини креирани од новосоздадениот тим на новинари со оние кои под лиценца се преземаат од останатите медиуми, што се очекува да резултира со зголемување на популарноста на вестите на „Yahoo“.

Извор:

Editors Weblog

 
AddThis Social Bookmark Button

Утрински: ВАЦ усвојува Кодекс на однесување и етички начела

 

5676ЕСЕН/СКОПЈЕ - Весниците и списанијата на медиумската групација ВАЦ во Македонија за вработените во издаваштвата и редакциите усвоија Кодекс на однесување, а пак, за уредниците Етички начела за известување. Кодексот на однесување и Етичките начела беа донесени по предлог на раководството на „Медија принт Македонија“. 

 

Повеќе...
 
AddThis Social Bookmark Button

Читателите на вести на Интернет верни на омилените страници

 

Покрај огромното количество на достапни содржини на Интернет, се чини дека најголемиот број од оние кои ја користат мрежата за читање вести не се одвојуваат многу од своите омилени веб-страници.

Според новото истражување на „Pew Center's Project for Excellence in Journalism, 35% од луѓето кои читаат вести на интернет имаат омилена страница, додека 21% се „моногамни“, односно се потпираат само на една страница за читање вести. Дури 57% од испитаниците, за да ги прочитаат најновите вести, одат на две до пет страници со новости. Истовремено, само 7% од испитаниците би платиле за пристап до вести преку Интернет.

baner

Истото истражување, користејќи ги податоците од „Nielsen Online“, покажало дека од илјадниците страници со новости во САД, седум проценти генерираат 80% од сообраќајот. Интересен е и фактот дека посетителите подолго се задржуваат на најпопуларните страници за вести одошто на агрегаторите за вести.

Уште еден важен податок од истражувањето е дека граѓанското новинарство се шири забрзано на локално ниво, воведувајќи мноштво иновации. Сепак, ваквата состојба се уште нема да ги загрози репортерите од весниците, но секако може да резултира со соодветна колаборација во полза на корисниците, се вели во извештајот од истражувањето.

Извор:

Editors Weblog

 
Страница 1 од 2

МИМIDSCSEJCФинансирано од:Министерство за образование и наукаВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието