
Медиум е заеднички проект на дневниот весник Нова Македонија и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста наменет за средношколците кои се заинтересирани за новинарството.
Овој проект го сочинуваат неколку активности: печатено, месечно издание Медиум како подлисток во дневниот весник Нова Македонија; он-лајн издание на Медиум и веб страницата http://medium.edu.mk/
Целта на проектот е пред се да ја поттикне тинејџерската публика да чита повеќе, да пишува - особено преку конкурсот за најдобар млад новинар, да се анимираат новинарските секции во училиштата, да се креира заедница на средношколци со новинарски афинитети, како и за соработка со меѓународни организации посветени на поттикнување на младите на читање и пишување.









