Помеѓу најдобро платените работи како инструктор за возење Ферари и астронаут, се наоѓа и работното место дизајнер на видео игри.
Играњето видео игри е забавно, но нивното креирање кое произлегува од вашата имагинација може да биде уште позабавно, а и многу профитабилно. Во просек се заработува 46.000 американски долари годишно и тоа некој кој има помалку од тригодишно искуство, а со над шест години работно искуство може да се заработат и 70.000.
Еве дел од процесот на креирање на една од најдобрите игри за xbox360 - Batman: Arkham Asylum
Она за што многу се зборуваше во последниот период, конечно се оствари – „ Playfish“ и ФИФА ја објавија „FIFA Superstars“ за „Facebook“. Во време кога сите го исчекуваат Светското првенство во фудбал во Јужна Африка, и интересот за „најважната споредна работа на светот“ е во постојан пораст, лансирањето на играта е сосема логичен потег.
Инаку се работи за игра во која менаџирате фудбалски клуб - развивате стратегија, купувате и продавате играчи, играте натпревари со останатите корисници и се трудите да ја внесете вашата екипа во што повисок ранг на натпреварување. Играчите со кои играте се од реалниот фудбалски свет, бидејќи ФИФА ги има лиценците за користење на вистински имиња и клубови.
Самата игра има голем број на опции, а со напредување по нивоата отворате нови можности. Ресурсите во играта се „искуство“ и „злато“, и со нивна помош го унапредувате тимот. Како и во останатите популарни игри на „Facebook“, и тука можете да купите ресурси преку популарниот „Playfish“ кеш. Ова се однесува и на можноста на играње повеќе натпревари во текот на денот, бидејќи по „регуларен пат“ имате право на 20-тина меча во текот на 24 часа (5 на 6 часа). Со „Playfish“ кешот, пак, можете да си обезбедите дополнителни натпревари.
Во пресрет на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка, сите веруваат дека оваа игра ќе биде огромен хит во следните неколку месеци.
„Pac-Man“ ја „чинеше“ глобалната економија 120 милиони долари
Анимираното лого кое пред извесно време го красеше интернет-пребарувачот „Google“ во чест на култната игра „Pac-Man“, по се изгледа дека ја оштетило глобалната економијата за 120 милиони долари.
Имено, на 21 мај по повод обележувањето на 30-годишнината од појавувањето на играта, „Google“, на местото каде што стои логото на пребарувачот постави игрива верзија на „Pac-Man“. Ова, според студијата на софтверската компанија „Rescue Time“, одземало околу 5 милиони поединечни работни часови, со што била нанесена огромна штета на економијата, која се проценува на 120 милиони долари.
„За таа сума би можеле да ги вработите сите 20 илјади работници на Google за време од 6 недели“, изјавил претставник на „Rescue Time“, при објавувањето на резултатите од студијата.
Познато е дека во последно време односите помеѓу најголемата социјална мрежа и компанијата која ги произведува најпопуларните игри за неа се драстично влошени. Причината за тоа е принципот на поделба на профитот кој се генерира од играњето на игрите на „Zynga“ на „Facebook“. Имено, од „Zynga“ се незадоволни од големата провизија која „Facebook“ ја зема на средствата потрошени од корисниците во рамки на игрите од типот на „FarmVille“, „MafiaWars“ и „YoVille“, па затоа, како што се шпекулира, планираат да мигрира од најголемата социјална мрежа.
Според одредени извори, последниот обид за договор помеѓу компаниите поминал толку лошо, што од „Zynga“ почнале да размислуваат во насока на отворање сопствена социјална мрежа наменета само за игри, наречена „Zynga Live“. Прашање е колку тоа би било мудар потег, имајќи го предвид факторот на играње со пријателите од „Facebook“, и потенцијалот на нови корисници што го нуди најголемата социјална мрежа на Интернет. Можеби ова е само „блеф“ за подобрување на преговарачките позиции, но, како и да е, додека трае оваа криза, најпопуларната игра на „Zynga“ - „FarmVille“, почна да бележи пад во цифрата на активни корисници.
Што ќе се случува натаму ќе видиме, но општото уверување е дека, иако од „Zynga“ имаат право да бидат лути на „рекетот“ од „Facebook“, вториве полесно ќе преживеат без првите отколку обратно.
Играта „Footbal Manager 2010“ отсега и на „iPhone“
Серијата „Footbal Manager“ на „Sega“ е една од најпопуларните кога станува збор за спортските игри. Иако не е игра која секој би ја играл, оние кои „се навлечени“ на неа поминуваат навистина многу време играјќи ја. Токму тие сега ќе бидат најзадоволни, бидејќи ќе можат да ја играат и кога не се седнати на домашниот компјутер.
Имено, компанијата „Sega“ ја пушти во продажба верзијата на играта за 2010 година, наменета за телефоните „iPhone“. „Телефонската“ верзија, сепак, не ги нуди сите опции како и компјутерската, но оние најважните се застапени. На вашиот „iPhone“ сега ќе можете да водите некој од клубовите распоредени во 34 лиги од 11 земји, и да управувате со тактиката, тренинзите, формацијата и трансферите.