„Bing“ доби 400 000 фанови за еден ден преку „FarmVille“
Пребарувачот на „Microsoft“, „Bing“, се стекна со 400 000 подржувачи на „Facebook“ за само еден ден, и тоа благодарејќи на рекламата објавена преку „FarmVille“. Рекламата која се појави на најпопуларната игра на „Facebook“, нудеше виртуелни пари кој можат да се искористат во играњето (Farm Cash) за секој кој ќе стане фан на „Bing“ на Facebook. Очигледно, на 400 000 луѓе им се допадна оваа идеја и инстантно решија да станат фанови на пребарувачот.









