Медиумска писменост

AddThis Social Bookmark Button

„Bing“ доби 400 000 фанови за еден ден преку „FarmVille“ 

 

bing-fanПребарувачот на „Microsoft“, „Bing“, се стекна со 400 000 подржувачи на „Facebook“ за само еден ден, и тоа благодарејќи на рекламата објавена преку „FarmVille“. Рекламата која се појави на најпопуларната игра на „Facebook“, нудеше виртуелни пари кој можат да се искористат во играњето (Farm Cash) за секој кој ќе стане фан на „Bing“ на Facebook. Очигледно, на 400 000 луѓе им се допадна оваа идеја и инстантно решија да станат фанови на пребарувачот. 

Овој потег на „Microsoft“ без сомнение привлече голем број на „обожаватели“ на страницата на „Facebook“, но вистинското прашање е колку овој квантитет соодветствува со квалитетот на „обожувањето“. Имено, тоа што некој ќе кликне на „стани обожавател“ и потоа веднаш ќе и се врати на играта за да ги потроши штотуку стекнатите виртуелни пари, не нуди никаква можност за експлоатација на корисниците од страна на огласувачот. 

Од „Microsoft“ велат дека нивниот тим за социјални медиуми работи напорно да воспостави посилни врски, пред се со играчите на „FarmVille“, и дека следниот чекор е нивниот пребарувач да исфрла најкорисни резултати за играта, со што кај играчите би се створила навика за користење на „Bing“. 

Како и да е, „Google“ е уште далеку, и од „Microsoft“ ќе мораат многу да работат за да „чепнат“ од колачот на интернет пребарувањето. Она што е новитет во светот на социјалните игри е секако размената на активности поврзани со брендот за виртуелни добра во некоја игра. Како понатаму ќе се развива овој тренд, останува да видиме и да се надеваме дека во секој случај ќе оди во полза на корисниците.

 

МИМIDSCSEJCФинансирано од:Министерство за образование и наукаВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието