Брендирани елементи во социјалните игри – револуција во адвертајзингот или...?
Следната недела играчите на „FarmVille“ ќе можат, меѓу другото да одгледуваат и кикиритки, благодарение на адвертајзинг агенцијата „Saatchi & Saatchi“ и една израелска компанија за слатки. Ова е прв пат еден елемент од играта да биде директно поврзан со бренд. Идејата ја разви „Saatchi Interactive“ во својата централа во Тел Авив, во рамки на кампањата за „Elite Taami Nutz“, чоколаден производ наполнет со крем од кикиритки кој е во спственост на израелски производител на слатки.
Така, наскоро сите играчи на најпопуларната социјална игра на „Facebook“ ќе можат да купат семе за кикиритки за 20 кредити, и после жетвата да ги продадат кикиритките за 78 кредити. Овој нов елемент во играта ќе биде визуелно брендиран, а се зборува и дека ќе биде распишан конкурс изработка на неговиот дизајн, на кој ќе можат да учествуваат сите играчи на „FarmVille“.
Ова е несомнено нов чекор во адвертајзинг индустријата, а дали ќе биде и револуционерен, останува да видиме. Секако, 82 милиони корисници на „FarmVille“ се сосема доволни за огласувачите да се надеваат дека овој потег на „Saatchi & Saatchi“ може да им ги отвори портите кон ветената земја, каде што секој ќе може да го „засади“ својот производ.
Извор и фото:









