Медиумска писменост

Internet

AddThis Social Bookmark Button
There are no translations available.

Викиликс е непрофитна организација основана во 2007 година и промовира проток на информации кои се однесуваат на владината и корпоративната корупција. Викиликс ги пренесува оние дипломатски активности кои се доверливи и ги прави достапни за целата светска јавност. Досега се објавени илјадници тајни американски документи за војните во Авганистан и Ирак како и тајни депеши на американските дипломати и разузнавачи што во голема мера ги “вознемири” многумина од светските лидери. Основачот на Викиликс – австралијанецот Џулијан Асанж, заедно со волонтерите кои ги крадат и објавуваат тајните документи, функционираат врз основа на принципите на одбрана на слободата на говор и медиумското публикување, стекнување повеќе докази за историјата и поддршка на правото на сите луѓе да креираат нова подобра историја. Се работи за независна глобална група на идеалисти и ентузијасти кои се посветени на овие принципи. Асанж смета дека постоењето на Викиликс е многу важно бидејќи публикувањето доверливи информации ја зголемува транспарентноста, а таа создава помалку корупцијата и подобрена демократичност на институциите. Во постигнувањето на овие цели – медиумите преку публикувањето информации имаат клучна улога, но според Асанж во последните години тие се многу малку независни и имаат помалку воља да поставуваат проникливи и провокативни прашања кон владите, корпорациите и другите важни институции. Идеалот и уверувањето дека таа ситуација треба да се промени резултира со создавањето на Викиликс. Веб страната е посветена на публикување документи кои „протекле„ од разни извори низ светот. Асанж дизајнира специјален софтвер за заштита на идентитетите на „крадците” за Викиликс, преку комплетно бришење на нивните идентитети пред тие да пратат документи на сервери насекаде низ светот. Како резултат на тоа, нема никаква трага кој, кога, каков документ предал. Сајтот се смета за нецензурирана Википедија за документи кои се од значење за целиот свет, а на кои не можете да им ја најдете трагата. На оваа веб страна се наоѓаа многу „тајни“ и контроверзни документи, а истовремено е најбезбедна за информаторите. Последниот месец Викиликс ја разбранува светската јавност – и ги предизвика светските лидери. Неможноста да се натера Асанж да престане да објавува документи кои според владите на многу земји не треба да и бидат достапни на светската јавност, ги натера да посегнат по други средства со кои би му извршиле притисок. Шведските власти повторно го гонат за нешто за што предходно беше ослободен – обид за силување врз основа на што Интерпол издаде потерница по него. Исто така страната Амазон одби да му обезбеди хостирање, а сервисот за финансиски трансакции Пеј Пал (Pay Pal) престана да ја опслужува сметката на која беа уплаќани донации за Викиликс, Кина која воедно го има забрането и Фесбук, ЈуТјуб и Твитер истот така го блокираше и овој сајт... Домеинот wikileaks.org веќе се забрани, но затоа пак во Швајцарија се појави нов домаин wikileaks.ch. И покрај тоа што цел свет трага по него, Асанж не престанува. Тој смета дека нема да престане да ја брани слободата на говор бидејќи само така може да се изгради поздраво и подобро општество. Според него само доколку работата на владите е транспарентна – тие навистина ќе се залагаат за подобра иднина. Но, и покрај ова, многумина претпоставуваат дека можноста да се украдат и објават документи кои се сметаат за тајни ќе ги натера владите во иднина да најдат начин како уште повеќе да ги заштитат оние информации кои сметаат дека не треба да бидат достапни на јавноста. Истовремено, многу светски лидери се обидуваа на секој начин да го оправдаат својот негативен став во однос на Асанж и Викиликс – односно Асанж да биде затворен, веб страната да не постои. Белата Куќа ги оправдува своите барања со тврдења дека информациите објавени на Викиликс ја загрозуваат безбедноста на американските дипломати и разузнавачите. Гледајќи ги документите може да се откријат најразни информации – од тоа како Саудискиот крал Абдула постојано апелирал до САД да го нападнат Иран за да ја превземе нуклеарната доминација на арапскиот полуостров, до разузнавачки и дипломатски амаерикански извори во врска со другите светски лидери. Пример- претседателот на Русија Дмитриј Медведев е „Робин“ ( во случајов Путин е Бетмен), а Махмуд Ахмадинеџад – претседателот на Иран е опишан како Адолф Хитлер.
 
AddThis Social Bookmark Button
There are no translations available.

    Кристофер „мут“ Пул –4chan(www.4chan.org)

Создаден во 2003 како страна која генерално се поврзува со интернет суб-култури и активизам, 4chan е место каде секој може да коментрира што сака и да поставува слики – потполно анонимно. Не треба да се регистрирате и да креирате профил, а можете да коментирате за најразлични теми како јапонски анимации, видео игри, музика, фотографија итн.

 

Идејата за ваков сајт, каде сте анонимни, што значи дека можете да напишете буквално се без тоа да влијае врз вас, Кристофер ја превзема од јапонски сајт (2chan) кој го преведува на англиски.

 

И додека може да се излагаат многу аргументи во однос на потребата од една ваква заедница каде сте анонимни и каде можете да бидете тоа што сте, нешто што анонимноста го овозможува, сепак постојат и негативни страни. Од негативните искуства произлегува забраната да се врши “инвазија” врз друга интернет страна (премногу постови со деструктивна содржина).

 

Сепак, генерално важи правилото дека “нема правила”, што воедно важи и за администраторите и модераторите кои можат да банираат корисник во било кое време, за било која причина – дури и без причина.

 

Кристофер Пул во видеово (со македонски превод) зборува за моќта и цената на анонимноста


 
AddThis Social Bookmark Button
There are no translations available.

Она што често го слушаме и во кое веруваме е дека чет програмите, смс пораките, фејсбук и другите социјални мрежи ја рушат нашата интимност. Напротив, Стефана Бродберт покажува како технологиите за комуникација ни помагаат да останеме во контакт со најблискиот круг на пријатели, без разлика дали се наоѓаме на работно место. Според Стефана, институциите (како градинки, училиште, работно место итн) ни наметнуваат изолација од најблиските во тек на работниот ден, но технологијата ја враќа блискоста дури и кога сме физички оддалечени со други поради обврските.

Стефана Бродберт – Како интернетот овозможува интимност, видео со македонски превод.

 
AddThis Social Bookmark Button
There are no translations available.

Со појавата на интернетот светот се поврза. Мрежата ја замени практиката на читање весници. Се гледаат филмови онлајн, може да се нарачаат и платат многу производи преку интернет. Мрежата ги трансформира пријателствата преку различни социјални мрежи, кои воедно ни овозможуваат повторно да стапиме во контакт со луѓе кои некогаш биле дел од нашиот живот.

Да се има добра идеја е едно. Но најважно е таа идеја да се реализира. Овие луѓе имаат најголемо влијание врз насоката кон која се движи интернетот. Тие го променаа интернетот, а со тоа и нашите животи.

1. YouTube -  Chad Hurley, Steve Chen and Jawed Karim  (www.youtube.com )

Имате интересно видео кое сакате да го споделите?

Веб страна за споделување видеа каде корисниците можат да прикачат и споделат свое и да гледаат други видеа на било која тема.

Овие луѓе се меѓу првите вработени во Pay Pal. Во 2005 ја креираат најпопуларната страница за кратки видеа на Интернет – ЈуТјуб, каде се наоѓаат повеќе од 100 милиони кратки видеа дневно на секакви теми.После година и пол за 1.65 билиони американски долари, ЈуТјуб станува дел од Гугл. Денеска овоаа веб страна е трета по посетеност, веднаш после Гугл и Фејсбук.

Медиумите пренесуваат (можеби вистинито, можеби за приказната да биде поинтересна) дека идејата за ЈуТјуб е резултат на неможноста на овие тројца другари да споделат на интернет видео од вечерата на која Chad Hurlay не присуствувал.

Ако ЈуТјуб беше Холивуд, ќе имаше доволно материјал за 60.000 нови филмови секоја недела.

И првото видео на ЈуТјуб:
 
AddThis Social Bookmark Button
There are no translations available.

IT.com.mk - Сите победници на првите македонски Веб награди

 

Дознајте кои се првите добитници на Македонските Веб награди. 

itcommk

Целиот текст на IT.com.mk.

 
AddThis Social Bookmark Button
There are no translations available.

Бангладеш го забрани „Facebook“

 

Следејќи го примерот на Пакистан, Бангладеш го забрани пристапот на „Facebook“ поради групите со навредливи содржини за исламските верници. Оваа вест доаѓа само една недела откако „Facebook“ беше забранет во Пакистан, поради групата која ги поттикнуваше своите членови да цртаат карикатури со ликот на пророкот Мухамед („Everybody Draw Mohammed Day“).

 facebook

Сепак, оваа забрана нема да биде перманентна и ќе биде подигната тогаш кога навредливите содржини ќе бидат отстранети или ќе биде блокиран пристапот до нив од Бангладеш. Истото тоа го направи и Пакистан, кој синоќа објави дека забраната е симната, откако менаџментот на најголемата социјална мрежа се извини и ги презеде сите неопходни мерки да бидат отстранети навредливите содржини. 

Засега „Facebook“ успешно балансира помеѓу слободата на говорот и притисокот за ограничување на навредливите содржини, но останува да видиме како ќе се развива овој конфликт кој тлее во позадината на најголемата социјална мрежа, посебно по најавите за создавање на социјална мрежа по теркот на „Facebook“, наменета исклучиво за муслиманските верници.

 
Faqe 1 nga 5

novi_baneri_03ALIDSCSEJCnovi_baneri_06_ALbaneri-ok_01_ALВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието