Медиумска писменост

AddThis Social Bookmark Button
There are no translations available.

IT.com.mk: Корисниците и приватноста на прво место во новата ЕУ дигитална агенда

 

Секое домаќинство мора да има широкопојасен интернет по пристојна цена до 2013 година, со конечна цел 100% од европските домаќинства да имаат брз интернет до 2020 година и да бидат едуцирани да се вклучи во дигиталното општество, пишува во резолуцијата за развој на 2015.еu дигиталната агенда. Освен интернет дома, ЕУ сака 75% од мобилните телефони да имаат 3G интернет до 2015 година.

timthumb

Покрај развивање на дигиталната инфраструктура и образованието, големо внимание треба да се посвети и на приватноста, но пред се корисниците да ја имаат контролата врз својата приватност. 

„Граѓаните треба да се свесни за приватноста во онлајн контекст, и треба да го имаат правото да побараат тргање на лични информации дури и кога се согласите тие информации да бидат соберени.“

Ова е доста важна поента. Доколку се согласите за користење на некој сервис или друштвена мрежа, вие се согласувате сервисот да користи ваши информации, но тука застанува се. Вие го немате правото тие информации да ги тргнете сами од себе, туку морате да следите процедура со допишување со службите за да се избришат тие информации. Пример, пробајте да го деактивирате вашиот Facebook профил. Иако никој не ги гледа, информациите остануваат на мрежата. Пример, за да го активирате Facebook профилот потребно е само да се логирате и се е тука! Ова важи и за многу други сервиси.

Покрај приватноста, целта на дигиталната агенда е да се реформира авторското право да има пан-европски лиценци за цела европа, и да се промовира онлајн трговијата со тоа што ќе се усогласат правилата меѓу евро-членките. Друга важен момент во резолуцијата е борбата против сајбер криминалот, за кој Европа планира да воведе заедничка легислатива низ сите евро-членки.

Се чини потребата за интеренетот ја обединува Европа.


Преземено од:

It.com.mk

 

 

novi_baneri_03ALIDSCSEJCnovi_baneri_06_ALbaneri-ok_01_ALВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието