Медиумска писменост

AddThis Social Bookmark Button
There are no translations available.

Десет земји со официјално протестно писмо до „Google“

 

buzzВо писмо адресирано до генералниот директор на „Google“, Ерик Шмит, институциите задолжени за заштита на личните податоци на Канада, Франција, Германија, Израел, Италија, Ирска, Холандија, Нов Зеланд, Шпанија и Велика Британија, го изразија својот протест во врска со неколку аспекти на приватноста кои се засегнати од одредени сервиси на „Google“. 

Два од овие сервиси се посебно истакнати во писмото, и тоа „Google Buzz“ и „Street View“. Во забелешката за функционирањето на „Google Buzz“ се вели дека е недозволиво една приватна алатка како што е електронската пошта (Gmail) да се претвори во социјална мрежа, со што се доведени во прашање приватноста и сигурноста на личните податоци на корисниците. Во врска со „Street View“, во писмото се апострофирани поплаките на многу корисници на Интернет, кои се пронашле себе си без замаглено лице на фотографиите направени од овој сервис на „Google“, што повторно повлекува низа прашања околу тоа кога и на кој начин јавната служба недозволено навлегува во приватноста на луѓето.

Писмото, кое во оригинал можете да го прочитате тука, завршува со низа препораки за подобрување на состојбата со приватноста на услугите на „Google“. Во секој случај, ова писмо само ги засили гласовите кои и досега се слушаа, дека „Google“ не води доволно сметка за приватноста на податоците.

Извор:

Mashable

 

novi_baneri_03ALIDSCSEJCnovi_baneri_06_ALbaneri-ok_01_ALВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието