E mërkurë, 17 Shkurt 2010 12:35
There are no translations available.
Најавен „Facebook Zero“ за мобилни телефони

Од „Facebook“ стигнува најва за верзија наменета за мобилните телефони наречена „Facebook Zero“. Станува збор за „олеснета“ страница, која треба да го намали протокот додека пристапувате на вашата омилена социјална мрежа преку мобилниот телефон. На „Facebook Zero“ ќе може да се пристапи преку адресата zero.facebook.com.
За сега, новата верзија се уште не е пуштена во употреба, па ако се обидете да пристапите до страницата ќе добиете порака дека вашиот оператор не ја поддржува услугата. Се претпоставува дека „Facebook Zero“, во основа, ќе биде текстуална верзија на досегашната m.facebook.com. Познавачите велат дека пристапот до „Facebook Zero“ од страна на операторите ќе биде понуден како бесплатана опција, додека пристапот до мултимедијската верзија ќе се наплаќа.
Во секој случај, ова свртување на вниманието на компанијата кон мобилната телефонија, не е воопшто случајно, ако се земе предвид фактот дека социјалната мрежа достигна бројка од 100 милиони корисници кои пристапиле преку мобилен телефон.