Медиумска писменост

AddThis Social Bookmark Button
There are no translations available.

„Google“: Статичните компјутери ќе бидат безначајни за три години

 

nexus-one-top-260x1902Зборувајќи на „Digital Landscapes“ конференцијата, Џон Херлихај (John Herlihy), директорот задолжен за онлајн продажба во Европа на „Google“, изјавил дека компанијата е повеќе ориентирана кон мобилните уреди, бидејќи смета дека во иднина тие ќе бидат мошне поважни од статичните компјутери.

 

„За три години статичните компјутери ќе бидат ирелевантни. Во Јапонија најголемиот дел од истражувањата веќе се прави на паметните телефони (smart phones), а не на десктоп компјутерите“, изјавил Херлихај.

Навистина, со „Android“ и „Nexsus One“, „Google“ покажа посветеност во проширувањето на доминацијата од онлајн светот кон светот на мобилните телефони. Но дали персоналните компјутери навистина ќе станат ирелевантни? Зависи како гледате на работите. На пример, „Google“ не се интересира за начинот на кој ги уредуваме нашите фотографии, туку за местото на кое ги складираме. Во последно време тоа место најчесто е Мрежата. Па така, ако најголемиот дел од вашите податоци се на домејнот на „Google“ и ако им пристапувате во секое време од денот, и тоа преку уредите како „Nexus One“ и „iPad“, кои имаат едноставни и практични апликации кои одговараат на вашите потреби, тогаш Џон Херлихај навистина е во право кога вели дека персоналните компјутери ќе станат ирелевантни во иднина.


Преземено од:

Mashable

 

novi_baneri_03ALIDSCSEJCnovi_baneri_06_ALbaneri-ok_01_ALВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието