Медиумска писменост

AddThis Social Bookmark Button
There are no translations available.

Утрински: ВАЦ усвојува Кодекс на однесување и етички начела

 

5676ЕСЕН/СКОПЈЕ - Весниците и списанијата на медиумската групација ВАЦ во Македонија за вработените во издаваштвата и редакциите усвоија Кодекс на однесување, а пак, за уредниците Етички начела за известување. Кодексот на однесување и Етичките начела беа донесени по предлог на раководството на „Медија принт Македонија“. 

 

Етичкиот кодекс и Етичките начела се изготвени во согласност со Кодексот на однесување усвоен од страна на медиумската групација ВАЦ во мај 2007 година и со Начелата за гаранција на редакциската слобода, потпишани во јуни 2003 година меѓу ВАЦ и ОБСЕ. „Медија принт Македонија“ е прва компанија во рамките на ВАЦ надвор од Германија за чии изданија се формулирани Кодекс на однесување и Етички начела. Документите се усвоени на состанок на главните уредници на изданијата и менаџментот, како и на Собирот на содружници на друштвата во состав на „Медија принт Македонија“. Медиумската групација ВАЦ има цел да воведе Кодекс на однесување и Етички начела во сите нејзини партиципации во Источна и во Југоисточна Европа. 

Кодексот на однесување на „Медија принт Македонија“ содржи јасни правила за поставување граница меѓу редакциско известување и рекламирање и ја јакне независноста на редакциите. Етичките начела ги потврдуваат основните принципи на слободата на печатот, ангажирање на новинарите во насока на коректно и непристрасно известување, заштита на иформациите, забрана за повикување на војна и насилство, како и заштита на авторските права. 

За да се обезбеди придржување кон Кодексот на однесување и Етичките начела, беше назначен омбудсман, како и тричлен Издавачки совет. За омбудсман е именуван Бодо Цап, главен и одговорен уредник на „Вестфаленпост“ од Хаген и претседавач на советот на омбудсмани за германскиот Кодекс на однесување. Издавачкиот совет го сочинуваат Миле Јовановски, досегашен генерален директор на „Медија принт Македонија“, Снежана Трпеска, професорка на Високата школа за новинарство и односи со јавноста, и д-р Татјана Петрушевска, професорка на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. (Д.Р.)

Преземено од:

Утрински весник

 

novi_baneri_03ALIDSCSEJCnovi_baneri_06_ALbaneri-ok_01_ALВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието