There are no translations available.
„Zynga“ планира повлекување од „Facebook“?
Познато е дека во последно време односите помеѓу најголемата социјална мрежа и компанијата која ги произведува најпопуларните игри за неа се драстично влошени. Причината за тоа е принципот на поделба на профитот кој се генерира од играњето на игрите на „Zynga“ на „Facebook“. Имено, од „Zynga“ се незадоволни од големата провизија која „Facebook“ ја зема на средствата потрошени од корисниците во рамки на игрите од типот на „FarmVille“, „MafiaWars“ и „YoVille“, па затоа, како што се шпекулира, планираат да мигрира од најголемата социјална мрежа.
Според одредени извори, последниот обид за договор помеѓу компаниите поминал толку лошо, што од „Zynga“ почнале да размислуваат во насока на отворање сопствена социјална мрежа наменета само за игри, наречена „Zynga Live“. Прашање е колку тоа би било мудар потег, имајќи го предвид факторот на играње со пријателите од „Facebook“, и потенцијалот на нови корисници што го нуди најголемата социјална мрежа на Интернет. Можеби ова е само „блеф“ за подобрување на преговарачките позиции, но, како и да е, додека трае оваа криза, најпопуларната игра на „Zynga“ - „FarmVille“, почна да бележи пад во цифрата на активни корисници.
Што ќе се случува натаму ќе видиме, но општото уверување е дека, иако од „Zynga“ имаат право да бидат лути на „рекетот“ од „Facebook“, вториве полесно ќе преживеат без првите отколку обратно.
Извор:
Social Times